Бројот на етнички Корејци во дијаспора во 2013 година е проценет на 7,4 милиони.[4]
Историја
Од праисторијата Корејскиот Полуостров го населувале главно манџурски, монголски и тунгуски племиња со север кои и ја правата основата на етногенезата на денешните Корејци со можни малајски групи од југ, како и повремени јапонски упади. Митолошкиот владетел Тангун ја основал првата корејска држава уште во 2333 г.п.н.е., откога почнува старокорејското сметање на времето. Корејската стара цивилизација тесно е поврзана со соседната кинеска. Расцепканоста и војните меѓу поедини рани државички се смируваат со воспоставувањето на кралството Сила кое во VII век го обединува полуостровот и воспоставува единствена управа и јазик (старокорејски). И оваа, како и подоцнежните држави, се потпираат на кинеските културни и политички влијанија. Од X до XIV век доминантно е кралството Кори (под династијата Ванг), по кое и во Европа останува познато името на земјата. Кореја тогаш ја признава врховната власт на монголските ханови. Тогаш се зацврстува будизмот. Со помош на Кина, во 1392 година власта ја презема династијата Ји. Нивната нова држава Чозон, што е денешното корејско име на земјата, трае сè до XX век, иако во разни периоди ја признава јапонската и манџурската врховна власт. Од XIV век под кинеско влијание државна религија станува конфуцијанството. Традиционалната култура на Корејците е селска, но раниот племенски шаманизам се испреплетува со високоразвиените културни влијанија на будизмот и конфуцијанството. Првите книжевни и историски записи се јавуваат од XII век. Во средниот век книжевното и останатото културно творештво по вид и тематика ги опфаќа сите подрачја на културниот живо на високо рамниште, па Кореја е важна како изворен посредник меѓу кинеската култура и Јапонија. Современата корејска култура, како модерното стопанство, ги досегаат високите светски стандарди во сите подрачја, притоа чувајќи ја сопствената тематика, изразни форми и средства како и облиците на сопствениот идентитет заснован на силни историски извори.
↑MOFAT 2011, стр. 263–294 harvnb error: no target: CITEREFMOFAT2011 (help); statistics for MOFAT's "Middle East Region" (중동지역), without Israel and Iran, plus Algeria that it classifies under "Africa Region" (아프리카지역)
↑„International Religious Freedom Report: Democratic People's Republic of Korea (DPRK) 2015“(PDF). U.S. Department of State. Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor. In a 2002 report ... the government reported there were 12,000 Protestants, 10,000 Buddhists, and 800 Roman Catholics. The report noted that Cheondoism, a modern religious movement based on 19th century Korean neo-Confucian movement, had approximately 15,000 practitioners. Consulting shamans and engaging in shamanistic rituals is reportedly widespread but difficult to quantify.
↑„International Religious Freedom Report: Republic of Korea 2015“(PDF). U.S. Department of State. Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor. Посетено на 23 December 2016. According to a 2010 survey, approximately 24 percent of the population is Buddhist; 24 percent Protestant; 8 percent Roman Catholic; and 43 percent professes no religious belief. Followers of all other religious groups ... together constitute less than 1 percent of the population.