Во ирскиот се користи името Cúige Chonnacht т.e. покраината Конахт. Најголеми градови се Голвеј на југ, и Слајго на север. Има вкупно население од 503 083 со што е најненаселената покраина во Ирска.
Највисока точка е врвот Мвелреа (Mweelrea) (814 м), во грофовијата Мејо, додека најголем остров е Ахил, кој воедно е и најголем остров во Ирска. Најголемо езеро е езерото Луг.