Колиби — археолошко наоѓалиште кај пробиштипското село Лезово. Претставува населба од доцноантичко време. На околу 1 км источно од селото, на една пространа висорамнина се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал, насобрани на неколку грамади.[1]
Поврзано
Наводи
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 323. ISBN 9989649286.