Кицбиел (германски: Kitzbühel, баварски: Kitzbichi) — средновековен град сместен на Кицбиелшките Алпи во Тирол, Австрија. Се наоѓа на околу 100 км источно од Инсбрук и е административен центар на областа Кицбиел. Кицбиел е скијачки центар со меѓународно реноме и неговата скијачка сезона трае од средината на октомври до почетокот на мај. Во текот на зимата и раната пролет најчесто е посетуван од клиентела од високата класа од Австрија и од странство.
Спорт
Кицбиел е едно од најпознатите европски одморалишта за зимски спортови. На планината Ханенкам секоја година се одржуваат скијачки трки од Светскиот куп, меѓу кои е најпознатиот настан во купот, спустот на познатата патека Штрајф. Направена во 1937 година, Штрајф е свртена кон североисток е меѓу најтешките патеки на светот, и е озогласена по многуте несреќи. Од 27 февруари до 1 март 1959 година тука се одржало Австриското првенство во алпско скијање.
Секое лето во Кицбиел се одржува АТП тениски турнир на земјена подлога, Отвореното првенство на Австрија.
Збратимени градови
Кицбиел е збратимен со:[3]
- Гринич во Конектикат, од 1961[3]
- Јамагата, Јапонија, од 1963[3][4]
- Сан Вали, Ајдахо, од 1967[3]
- Випитено, Италија, од 1971[3]
- Ријеј Малмезон, Франција, од 1979[3]
- Бад Зоден ам Таунус, Германија, од 1984[3][5]
Галерија
-
Езерото Шварц Зе и планините Вајлдер Кајзер во позадина
-
Средновековни цркви Богородичната црква (l) и Свети Андреј (r).
-
Богородичната црква и камбанаријата од 48 метри.
-
Свети Андреј со кулата од 13 век.
-
Света Катерина од север.
-
Света Катерина од југ.
-
Црквите близначки во Кицбиел, Богородичната црква и Свети Андреј.
-
Панорама на Кицбиел од жичницата до Ханенкам.
-
Воен споменик во Кицбиел
Панорама
Поврзано
Наводи
Надворешни врски