Видливо на ширина од +70° до −90°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец ноември. Напомена: †Мира (ο Cet) при најолема сјајност има величина 2,0.
Иако Кит не е дел од зодијакот, еклиптиката минува помалку од четврт степен од неговата граница, што значи дека Месечината, планетите, па дури и дел од Сонцето може да бидат во Кит во кратки периоди. Ова уште повеќе важи за астероидите, бидејќи нивните орбити обично имаат повеќе наклон кон еклиптиката од Месечината и планетите. На пример, во 1807 г. астероидот4 Веста е откриен во соѕвездието Кит.
Најистакнатата ѕвезда во Кит е Мира („чудесна“) со назнака Омикрон Кит — првата откриена променлива ѕвезда и прототип на нејзината класа. Во период од 332 дена достигнува во голема мера ја менува привидната величина и затоа е наречена „чудесна“. Мира пулсира со минимална големина од 400 сончеви пречници и максимална големина од 500 сончеви пречници. Оддалечена е 420 светлосни години од Земјата, а откриена е во 1596 г. од германскиот теолог и астроном Давид Фабрициј.[2]
Во соѕвездието име и уште неколку сјајни ѕвезди. α Кит со традиционален назив Менкар („носот“) е црвеникава џиновска ѕвезда со величина од 2,5, оддалечена 220 сг од Земјата. Ова е широка двојна ѕведа; вторичната — 93 Кит — синобела и има величина од 5,6, и оддалечена е 440 сг. β Кит (Денеб Кајтос или Дифда) е најсјајната ѕвезда во Кит. Ова е портокалова џиновск ѕвезда со величина од 2,0 и се наоѓа на растојание од 96 сг од Земјата. γ Кит (Кафалџидма = „главата на китот“) е соседна двојна ѕвезда. Главната е жолтеникава ѕвезда со величина од 3,5 и се наоѓа на растојание од 82 сг, додека пак вторичната е сина ѕвезда со величина од 6,6.[2]Тау Кит, (Дуре Ментор) е забележителна по тоа што е најблиската сонцевидна ѕвезда (оддалечена е 11,9 сг). Ова е жолтеникава ѕвезда од главната низа со величина од 3,5.
AA Кит е троен систем. Најсјајниот член има the величина од 6,2. Главната и второстепената се на растојание од 8,4 лачни секунди и под агол од 304 степени. Третичната не е видлива со телескоп. AA Кит е затемнителна менлива ѕвезда — третичната ѕвезда доаѓа пред главната и ја намалува привидната величина на системот за 0,5.[3]UV Кит е необична двојна променлива ѕвезда на растојание од 8,7 сг од земјата и се состои од две црвени џуџиња — обете со величина од 13. Една од ѕвездите е болскотна ѕвезда, склона кон ненадејни и произволни избувнувања кои траат неколку минути; ова значајно ја зголемува привидната сјајност на парот (до 7).[2]
NGC 246 („Череп“) е планетарна маглина со величина од 8,0 на растојание од 1600 сг од Земјата. Аматерите ја нарекуваат „Пакман“ поради распоредот на средишните ѕвезди и околното ѕвездено поле.[6]
Историја и митологија
Соѕвездието изворно се однесувало на митското чудовиште наречено Кит, убиено од јунакот Персеј за да ја спаси принцезата Андромеда од бесот на Посејдон. Соѕвездието се наоѓа во небесното подрачје наречено „Море“ бидејќи во него се сместени други водни соѕвездија како што е Еридан, Риби, Јужна Риба, Јарец и Водолија.[7]