Потекнувал од земјоделско семејство. По завршување на основното образование, работел како поштарски работник. Бил симпатизер на народно-ослободителното движење во тиквешкиот крај од самиот негов почеток. Во јули 1944 година после борбата помеѓу бугарската војска и борците на Втората македонска ударна бригада, Киро Арсов бил фатен од страна на бугарските воени власти и бил обесен. Тоа не им било доволно на бугарските војници, па на 13 јули 1944 година неговото тело го запалиле во близина на селото Конопиште.[1]
Во негова чест
Една улица во неговото родно место Ваташа е именувана по него,[2] а во Кавадарци денес се наоѓа негова биста пред аулата на поштата.[3]