Градиште или Киево — археолошко наоѓалиште во штипското село Горни Балван. Претставува градиште од римското време и средновековна црква со некропола. На тромеѓата меѓу атарите на селата Горни Балван, Батање и Горно Трогерци се издига ридот Киово или Градиште. На врвот има зарамнето плато со димензии од околу 300 × 150 м, издолжено во правец север-југ, на кое се гледаат остатоци од темели на широки од бедем, парчиња од тули и тегули. Во неговото подножје има малку поткренато плато на кое се наоѓа црквичката Св. Јован, изградена 1948 година, и тоа врз постари темели. Според кажувањата на учесниците во работата, биле откопани и два гроба.[1]
Поврзано
Наводи