Кибуц (хебрејски: קִבּוּץ) — земјоделска комуна во Израел што се одликува со заедница на сопственост и еднаквост во трудот и потрошувачката. Кибуците одиграле важна улога во создавањето на Израел и во ционистичкото движење, и првично биле под силно влијание на социјалистичкитеидеи. Денес, земјоделското производство во кибуците е надополнето со други стопански гранки, од индустриски плантажи до високотехнолошко производство. Помалку од пет проценти од Израелците живеат во кибуци.[1][2]