Координати: 5°15′N, 102°0′E
Келантан (кинески: 吉兰丹) е држава во Малезија. Главен град и седиште на султанатот е Кота Бхару.
Келантан е сместен во североисточниот дел на полуостровот Малаја. На север се граничи со тајландската провинција Наративат, Теренгану на југоисток, Перак на запад, и Паханг на југ. На североисток излегува на Јужнокинеско Море.
Под водство на исламската партија на Малезија (PAS), Келантан е најконзервативната и најисламистичката малезиска држава.
Надворешни врски