Кахетија (груз.: კახეთი) е регион во источна Грузија. Се граничи со малиот планински регион Тушети и планинскиот масив Голем Кавказ на север, Азербејџан на исток и југ, и регионот Долна Картли на запад. Најголема река во источниот дел е реката Алазани, а на западниот дел реката Иори. Кахетијанците зборуваат локален дијалект на грузискиот јазик.
Географија
Кахетија е поделена на четири делови: Внатрешна Кахетија (შიგნით კახეთი, Shignit Kakheti) по десниот дел на реката Алазани, Надворешна Кахетија (გარე კახეთი, Gare Kakheti) по средината на реката Иори , Квизики (ქიზიყი, Qiziki) помеѓу реките Алазани и Иори, и Тамошен Крај (გაღმა მხარი, Gaghma Mkhari) мна левиот брег на Алазани. Постои и среден регион Херети кој од 15 век не се користи како термин.
Историја
Во 1918–1921 Кахетија беше дел од тогашната Демократска Република Грузија, во 1922–1936 дел од Закавкаска СФСР и во 1936–1991 дел од Грузиска ССР. Од Грузиската независност во 1991, Кахетија е регион во Грузија и главен град е Телави.
фусноти
Надворешни врски
|
---|
| Автономни републики | | |
---|
| Региони | |
---|
| Град со специјален статус | |
---|
| |
|