Caracal — род цицачи од семејството Мачки. Џон Едвард Греј го предложил името Caracal во 1843 како родово име за еден вид на мачки што живее во Африка и југозападна Азија, каракал, Caracal caracal.
До 2000 година се сметало дела каракалот бил сестрински таксон на сервалот, но врз основа на ДНК-анализа биле разграничени на три видови: златна африканска мачка, каракал и сервал. Заедничкиот предок на трите видови од овој род живеел пред 5,6 милиони години, заеднички предок на каракал и златен мачка живеел околу пред 1,9 милиони години.
Каракалот е грабливец од семејството на мачки, сличен на рисот, но е поситен од него. Иако е класифицирана како мала мачка, каракалот е една од најтешките и најбрзите во својата група.
Каракалот има висока тело со долги нозе и кратка опашка. Должината на телото е од 60 до 105 сантиметри, а опашката е речиси една третина од телото - од 23 до 35 см. Висина е од 43 до 51 см. Тежината на машките е 13-20 килограми, а на женските околу 11 килограми. Женските се значително помали на раст. И двата пола изгледаат исти. Во споредба со рисовите, каракалот има долги но послаби нозе. Крзното е кратко на дебелина и истата е обоена од сиво-жолтеникава до црвеникаво-кафеава боја. Во природата можат да се најдат и црни каракали.
Каракалот е распространет во Северна и Источна Африка, како и во Југозападна Азија. Каракалот живее во пустински предели, во савани образснати со грмушки, и во планински степи. Каракалот најчесто лови во ноќните часови. Основен негов плен се птиците, глодачите, зајаците и мали антилопи. Својот плен го лови со скок од заседа. Негвиот скок може да биде и до 3 метри во височина, а освен тоа тој е и одличен алпинист.
Извори
Наводи