Казненото право е посебна правна област чии норми определуваат кои човекови поведенија ќе се сметаат за казнени дела, како и каква ќе биде правната реакција на општеството спрема сторителите на овие дела.
Казненото право се дели на 3 посебни правни гранки:
- Материјално казнено право претставува систем на правни норми со кои одредени човекови поведенија се прогласуваат за казнени дела, за нив се пропишуваат казни и други санкции и се одредува условите за нивната примена.
- Формално казнено право или Казнено процесно право претставува систем од правни норми со кои се регулира начинот на кој се изведуваат и формата во која се преземаат процесните дејствија од кои се состои казнената постапка.
- Извршно казнено право или Право на извршување на санкции претставува систем на правни норми со кои се регулира начинот на извршување на санкциите што се изречени во казнената постапка.