Кадифената покривка – новелети за жени-убијКи — книга на македонската писателка Оливера Николова од 2015 година, објавена во издание на „Матица Македонска“.
Содржина
Книгата е составена од шест подолги раскази (кои таа ги нарекува новелети), посветени на седум жени од историјата: Мари-Мадлен де Бренвилие, Марта Марек, Бел Ганис, Жана Лорет, Магзин Пипо, Мара Бунева и Менча Карничу. Инспирацијата да пишува за овие ликови авторката ја добила од „Енциклопедија на убијци“ издадена од „Детска радост“ во 1998 година.[1]
За книгата
Во книгата Николова раскажува приказни и гради психолошки портрети на овие сомнителни и спорни историски ликови при што психолошките скици ги прави без дидактичност и без објаснувања, туку преку нарацијата, ситуациите и општиот контекст.[1]
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 Роберт Алаѓозовски, „Кога розовото ќе зацрвени до мрак“, Економија и бизнис, година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 101-103.
|
---|
| Романи и прозни дела | | |
---|
| Драми и пиеси | |
---|
| Раскази | |
---|
| Сликовници | |
---|
|