Италијански фудбалер на годината во Серија А (италијански : Migliore calciatore italiano ) била годишна награда организирана од италијанската асоцијација на фудбалери , која се доделувала за најдобриот италијански фудбалер за кој се сметало дека се претставил најдобро во претходната сезона во Серија А .
Наградата се доделувала за време на манифестацијата Оскар дел калчо . За прв пат наградата била доделена во 1997 година, а последен пат била доделена во 2010 година. Доколку добитникот на оваа награда, бивал избран и за најдобар фудбалер во Серија А , тогаш се бирал и најдобар странски фудбалер во лигата .
Од 2011 година па наваму, се доделува само награда за најдобар фудбалер во Серија А, а наградите за најдобар италијански фудбалер и најдобар странски фудбалер биле укинати.
Победници
Роберто Манчини добитник на првата награда во 1997.
Франческо Тоти добитник на наградата рекордни пет пати, сите во дресот на Рома .
Алесандро Дел Пјеро двократен добитник на наградата, во 1998 и 2008 - тој е играчот со најдолг период меѓу две награди, 10 години.
Кристијан Виери добитник на наградата со два различни клуба.
Година
Играч
Клуб
1997
Манчини, Роберто Роберто Манчини
Сампдорија
1998
Дел Пјеро, Алесандро Алесандро Дел Пјеро
Јувентус
1999
Виери, Кристијан Кристијан Виери
Лацио
2000
Тоти, Франческо Франческо Тоти
Рома
2001
Тоти, Франческо Франческо Тоти
Рома
2002
Виери, Кристијан Кристијан Виери
Интер
2003
Тоти, Франческо Франческо Тоти
Рома
2004
Тоти, Франческо Франческо Тоти
Рома
2005
Џилардино, Алберто Алберто Џилардино
Парма
2006
Канаваро, Фабио Фабио Канаваро
Јувентус
2007
Тоти, Франческо Франческо Тоти
Рома
2008
Дел Пјеро, Алесандро Алесандро Дел Пјеро
Јувентус
2009
Де Роси, Даниеле Даниеле Де Роси
Рома
2010
Ди Натале, Антонио Антонио Ди Натале
Удинезе
По играч
5 награди
2 награди
1 награда
По клуб
По позиција