Исхраната и бременоста

Бремена жена која јаде јагоди, грозје, портокал и јаболка.

Статијата исхрана и бременост се однесува на консумирањето хранливи материи и внимавање на исхраната пред, за време на и по бременоста. Мари Е. Бараси забележува дека сите диетални совети кои се однесуваат на исхраната за време на бременоста, претставуваат важни фактори за определување на здравјето на зачнатиот ембрион во иднина. Освен тоа, забележано е дека некои фактори во врска со исхраната го намалуваат ризикот од појава на болести во детството и ризикот од несакана смрт, зашто и помагаат на мајката да го снабди организамот со хранливи материи.[1]

Во една прелименарна студија од 1950 година, која се однесува на врската помеѓу исхраната и бременоста, забележано е дека детето на жена која што во првите осум недели од бременоста конзумирала минимални вредности на хранливи материи постои повисока стапка на смртност или растројство, за разлика од децата родени од мајки кои воделе грижа за својата исхрана, бидејќи рестрикциите во матката кај овие деца се во помал број.[2]

Слабата исхрана, пред и за време на бременоста е поврзана не само со физички нарушувања, туку и со невролошки пореметувања и хендикеп. Поради нарушување на исхраната на мајката, детето во подоцнежниот живот може повеќе да подлежи на дегенеративни заболувања.[3]

Следниве страници се однесуваат на релевантноста на исхраната за време на бременоста и доволно внимателно се проучени со цел да бидат корисни за мајката или двојките коишто планираат семејство.

Исхраната пред бременоста

Олеснувачки фактори во однос на исхраната пред бременоста

Познато е дека добрата исхрана пред бременоста е особено важна поради потребната вредност на енергија која се троши за време на породувањето. Процесот на добра исхрана пред бременоста е процес со кој се гради имунолошкиот систем на жената, со цел истиот да се подготви за состојбата бременост. Овој процес е познат како еден од главните фактори за определување на стапката на успешно зачнување на здрави деца.

Како и во повеќето ситуации, исхраната т.е.најзначајниот фактор пред бременоста, води сметка за здравјето на мајката и за тоа дека нема присуство на никакви штетни фактори кои можат да ја намалат шансата за оплодување, како што се анорексија или булимија, за кои се смета дека директно се поврзани со неплодноста. Минималниот телесен масен индекс (Body mass index, BMI) за жените кои сакаат да забременат е 20,8.

Вистина е дека кај дебелите жени со телесен масен индекс над 30, којшто е директен резултат од намалената вредност на активноста на инсулинот во крвта, како и од сексуалните хормони, може да се намали отпорноста на јајце-клетката.

Идеалната граница за тежината на жената која сака да забремени требa да е оптимална со телесен масен индекс помеѓу 20 и 26. Доколку оптималната тежина е комбинирана со добра исхрана и диета, во смисла на нормална балансирана диета пред бременоста, тогаш резервите од микрохранливи материи кои ја снабдуваат бременоста со потребните супстанции, исто така ќе се зголемат до максимум.

За повеќе информации во врска со пресметувањето на телесниот масен индекс, ве молиме прочитајте ја статијата телесен масен индекс.

Главни придонесувачи во врска со исхраната пред бременоста

Како и кај повеќето видови диети, постојат шанси од прекумерено земање на хранливи материи. Како и да е, општ совет во врска со состојбата и медицинските препораки е дека мајката требе да ги следи упатствата од соодветните витамински пакувања што се однесуваат на правилното или дневно препорачливо дополнително конзумирање на истите.

  • Дополнително консумирање на магнезиум и цинк за спојување на хормоните во нивните рецепторски положби.
  • Дополнително консумирање на фолна киселина или диетална потреба од храна која ја содржи истата, за правилен развој на фоликулата.
  • Со редовно дополнително консумирање на Витамин Д се намалуваат шансите за дефициенции во адолесцентноста, и што е поважно, познато е дека овој витамин ја намалува веродостојноста за појава на рахитис со карлични малформации, поради кои нормално породување не е возможно.
  • Познато е дека со редовно дополнително консумирање на Витамин 12 се намалуваат шансите за неплодност и лошо здравје.

Исхраната за време на бременоста

Олеснувачки фактори во врска со исхраната за време на бременоста

Познато е дека, зачнувањето или неколку недели потоа е период кога ембрионот е најмногу чувствителен, бидејќи се создаваат неговите органи и системи. Причината за правилно консумирање на хранливи материи за време на бременоста е особено важна бидејќи енергијата, потребна за создавање на видовите системи, произлегува од енергијата и хранливите материи од циркулацијата на мајката од внатрешниот ѕид на матката.

За време на првата фаза од бременоста плацентата сѐ уште не е формирана. Поради тоа ембрионот сѐ уште нема заштитен механизам од дефициенции, коишто може да бидат својствени за циркулацијата на мајката. Затоа консумирањето точни вредности на хранливи материи и енергија за време на бременоста е особено важно.

Еден од проблемите кои претставуваат потешкотија за бремената жена е дека недостатокот од фолна киселина предизвикува дефекти на нервните туби. Кај жената која во својот организам има 4 мг фолна киселина поради дополнително консумирање на истата, 3 месеци пред породувањето, ризикот од дефекти на нервните туби кај фетусот значително се намалува. Денес, ова е поддржано од Министерството за здравство на Обединетото Кралство, коешто дневно препорачува консумирање на фолна киселина од 400 мг.

Внесувањето на ретинол, во исклучителни случаи, се поврзува со децата со вродени мани и абнормалности. Како и да е, правилното внесување на ретинол не се смета за штетно. Забележано е дека порција од 100 гр. џигер, може да содржи голема вредност на ретинол. Затоа за време на бременоста, најдобро е да не се консумира секојдневно. Преголемата доза на ретинол има штетно влијание слично како прекумерената консумација на алкохол.

Потврдено е дека прекумереното консумирање на алкохол за време на бременоста, предизвикува фетален алкохолен синдром. Светската здравствена организација препорачува дека алкохолот за време на бременоста требе целосно да се избегнува, со оглед на тоа што предизвикува релативно непознати ефекти, дури и во случаи кога се консумира во мали количини.

Корисни фактори во однос на исхраната за време на бременоста

Во раната фаза од бременоста, вредноста на мастите во крвта на жената може да се открие. За дебелите жени кои сакаат да забременат, препорачливо е да ја намалат својата телесна тежина пред зачнувањето, поради тоа што неплодноста е поврзана и со дебелината.

Истражувањата во врска со енергијата и напорот, потребни за време на метаболичните промени на телото покажаа дека жената која има оптимално складирање на масти и соодветна дополнителна консумација на хранливи материи има полесно породување . Ова беше забележано преку мониторинг на нивото на лептин за време на бременоста.

Хранливи материи, препорачливи за време на бременоста

Хранлива материја Препорака Дневно препорачлива Максималана/Тотална вредност
Енергија Зголемување на 200 килокалории (840 килоџули) дневно, само во последното тримесечје препорачлива дневна доза
Белковини 6 гр.повеќе од препорачливата дневна доза 51 гр. дневно
Тијамин Зголемување на вредноста во согласност со енергијата, зголемена доза за 0,1 мг. дневно 0,9 мг. дневно
Рибофлавин Потребен за развој на ткивата, 0,3 мг. повеќе од препорачливата дневна доза 1,4 мг. дневно
Нијацин Правилно дополнително консумирање. Нема потреба од зголемување на вредноста. препорачлива дневна доза
Фолат Одржување на нивото на плазмата, 100 микрограми повеќе од препорачливата дневна доза 300 микрограми дневно
Витамин Ц Надоместува за дренираните резерви на мајката, 120 мг. повеќе од препорачливата дневна доза 50 мг. дневно
Витамин Д Надоместок на нивото на Витамин Д со 10 микрограми дневно препорачлива дневна доза
Калциум Нема потреба од доплнително консумирање препорачлива дневна доза
Железо 3 мг. повеќе од днвно препорачливата доза препорачлива дневна доза
Магнезиум, Цинк и бакар Нормално дополнително консумирање препорачлива дневна доза
Јод 100 микрограми повеќе од препорачливата дневна доза 250 микрограми дневно[4][5][6][7]

Исхраната по бременоста

Соодветната исхрана на мајката е особено важна и по породувањето, бидејќи и помага на мајката да закрепне и да ја снабди со доволно енергија и хранливи материи за да го дои своето дете. Жената која што серумот феритин го има во количина од 70 микрограми во литар, потребно е за време на бременоста и по раѓањето, дополнително да консумира железо, со цел да го заштити фетусот од појава на сидропенична анемија.[8][9]

Надворешни врски

Наводи

  1. Zimmermann MB (2007). "The adverse effects of mild-to-moderate iodine deficiency during pregnancy and childhood: a review". Thyroid 17 (9): 829–35. doi:10.1089/thy.2007.0108. PMID 17956157.
  2. Pérez-López FR (2007). "Iodine and thyroid hormones during pregnancy and postpartum". Gynecol. Endocrinol. 23 (7): 414–28. doi:10.1080/09513590701464092. PMID 17701774.
  3. Glinoer D (2007). "Clinical and biological consequences of iodine deficiency during pregnancy". Endocr Dev 10: 62–85. doi:10.1159/000106820. PMID 17684390.
  4. ^ Zimmermann MB (2007). "The adverse effects of mild-to-moderate iodine deficiency during pregnancy and childhood: a review". Thyroid 17 (9): 829–35. doi:10.1089/thy.2007.0108. PMID 17956157.
  5. ^ Pérez-López FR (2007). "Iodine and thyroid hormones during pregnancy and postpartum". Gynecol. Endocrinol. 23 (7): 414–28. doi:10.1080/09513590701464092. PMID 17701774.
  6. ^ Glinoer D (2007). "Clinical and biological consequences of iodine deficiency during pregnancy". Endocr Dev 10: 62–85. doi:10.1159/000106820. PMID 17684390.
  7. Sethi V, Kapil U (2004). "Iodine deficiency and development of brain". Indian J Pediatr 71 (4): 325–9. doi:10.1007/BF02724099. PMID 15107513.
  8. Milman N, Byg KE, Bergholt T, Eriksen L, Hvas AM (2006). „Body iron and individual iron prophylaxis in pregnancy--should the iron dose be adjusted according to serum ferritin?“. Ann. Hematol. 85 (9): 567–73. doi:10.1007/s00277-006-0141-1. PMID 16733739.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  9. Milman N, Bergholt T, Eriksen L; и др. (2005). „Iron prophylaxis during pregnancy -- how much iron is needed? A randomized dose- response study of 20-80 mg ferrous iron daily in pregnant women“. Acta Obstet Gynecol Scand. 84 (3): 238–47. doi:10.1111/j.0001-6349.2005.00610.x. PMID 15715531.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Дополнително читање

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!