Истребувач (филм)

Истребувач (англиски: Blade Runner) — американски научнофантастичен филм на режисерот Ридли Скот. Сценариото е дело на Хамптон Фенчер и Дејвид Пиплс, засновано на романотДали андроидите сонуваат електрични овци?“ (Do Androids Dream of Electric Sheep) на Филип К. Дик. Главните улоги ги толкуваат Харисон Форд, Руџер Хауер, Шон Јанг, Едвард Џејмс Олмос и Дарил Хана. Продолжението на филмот, со наслов Истребувач 2049 премиерно бил прикажан во октомври 2017 година, а главната улога ја игра Рајан Гослинг.[1][2]

Содржина

Дејството на филмот се одвива во дистопискиот Лос Анџелес, во ноември 2019 година. Во тој свет од иднината, луѓето создале генетички суштества наречени репликанти, кои визуелно не се разликуваат од луѓето, а се користат за опасни работи на Земјините вселенски колонии. По еден мал бунт на репликантите, тие се забранети на Земјата, а специјалните полицајци, наречени „истребувачи“ (Blade Runners), се обучени да ги ловат и да ги убиваат избеганите репликанти на Земјата. Притоа, група репликанти пристигнува во Лос Анџелес, а полицијата го убедува пензионираниот истребувач Рик Декард (го игра Форд) да ги пронајде и да ги убие репликантите. При спроведувањето на еден тест, тој се вљубува во репликантката Рејчел (ја игра Јанг). Набргу, тој ја убива репликантката Зора (ја игра Касиди), но него го пронаоѓа репликантот Леон (го игра Џејмс) и меѓу нив започнува борба. Во последен миг се појавува Рејчел, која го убива Леон и така му го спасува животот на Декард. Во меѓувреме, водачот на репликантите Рој Бати (го игра Хауер) и неговата девојка Прис (ја игра Хана) го заробуваат Џ. Ф. Себастијан (го игра Сандерсон), кој ги одведува кај творецот на репликантите, д-р Тирел (го игра Таркел). Таму, Рој најпрвин го убива Тирел, а потоа и Себастијан. Декард оди во станот на Себастијан, каде ја пронаоѓа и убива Прис, но тогаш пристигнува Рој, кој му го одзема оружјето на Декард и му ги крши прстите на едната рака. Меѓутоа, Рој започнува да се распаѓа, зашто репликантите се направени така што имаат ограничен животен век. Бегајќи, Декард се качува на врвот од зградата, каде едвај се држи на работ, а Рој во последен миг го спасува и умира. Декард се враќа дома каде ја наоѓа Рејчел и двајцата заминуваат заедно.[3]

Улоги

Надворешни врски

Наводи

  1. Mia Galuppo (18 февруари 2016). 'Blade Runner' Sequel Gets Release Date“. The Hollywood Reporter. Посетено на 19 февруари 2016.
  2. Lincoln, Ross A. (19 април 2016). Blade Runner Sequel Moved Ahead To October 2017“. Deadline.
  3. IMDb, Blade Runner (1982) (пристапено на 27.32019)

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!