Иремел (башкирски: Ирәмәл, руски: Иремель) — планинско возвишение во состав на Јужен Урал и втора планина по висина во венецот. Се наоѓа во Башкортостан, Русија, на границата со Чељабинската област. Највиск врв е Голем Иремел (Оло Ирәмәл / Большая Иремель) или само Иремел со 1.589 м. Околу 6 км североисточно се издига Мал Иремел (Кесе Ирәмәл / Малая Иремель), со висина од 1.449 м. Тука извира реката Белаја.
На 53 км југозападно од Голем Иремел е сместен највисокиот врв на Јужен Урал — Јамантау (1.638 м).