Инфрацрвена спектроскопија

Инфрацрвена спектроскопија е квалитативна аналитичка метода која се користи за откривање од кои функционални групи и атоми е составена една молекула. Притоа се користи инфрацрвеното зрачење од електромагнетниот спектар. Молекулите апсорбираат инфрацрвено зрачење само при одредени честоти карактеристични за нивната структура. Апсорбираната енергија предизвикува вибрационо возбудување на атомите во молекулата. Вибрациите кои настануваат во молекулата се:

Симетрично
истегнување
Антисиметрично
истегнување
Свиткување
Нишање Превивање Увивање

Потоа, од добиениот спектар се дознава за градбата на молекулата.

Апсорпциони ленти

Брановите броеви се изразени во cm−1.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!