Ибни Меџри

     Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Ибни Меџри (турски: İbn i Mecri) — старо скопско маало.

Местоположба

Маалото се наоѓало од десната страна на булеварот „Никола Карев“ (према Чаир) и источно од основното училиште Тефјуз.

Историја

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 26 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 47 мажи муслимани, со 6 новороденчиња и 7 мажи муслимани доселеници. Се проценува дека маалото во тој период имало 120 жители.[1]

Сегашност

Денес јужниот низ јужниот дел од маалото поминува булеварот „Никола Карев“, на северниот дел е ОУ Тефјуз, остатокот е со куќи. На истокот од маалото се наоѓа Хаџиќазимовата џамија.

Наводи

  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!