Златко Топчиќ (Сараево, ФНРЈ, 30 април 1955) ― писател и филмски сценарист од Босна и Херцеговина.
Дипломирал на Правниот факултет во Сараево. Бил директор и уметнички директор на Камерен театар 55. Член е на Друштвото на писателите на Босна и Херцеговина.
Библиографија
Збирки приказни
- Животно питање (Животно прашање), 1981
- Фантастичне приче (Фантастични приказни), 1989
- Птица из другог јата (Птица од друго јато), 1995
- Богумисле легенде, 1997
- Изабране приче (Избрани приказни), 2000
Романи
- Човјек ниоткуд (Човек од никаде), 1986
- Кулин, 1994 година
- Кошмар, 1997, 1998, 2000 и 2004
- Гола кожа, 2004
Драмски книги
- Колапс, 1988
- Драме (Драми), 1995
- Refugees (Бегалци), 1999
- Time Out, 2001
Награди
Топчиќ е добитник на бројни награди:
- Годишна Награда на Друштвото на писателите на Босна и Херцеговина за романот Кошмар, 1997 година
- Награда на Друштвото на филмски работници на Босна и Херцеговина за сценарио, 1999 година
- Награда на Министерството за култура и спорт за драма, 2000 година
- Награда на списанието ТМАЧААРТ за најдобра драма, за драмите „Главом кроз зид“ (Глава низ ѕид) и „Сретна Нова“ (Среќна нова) во 1994 година, 2004 година
- Награда за најдобар драмски текст на Фестивалот во БиХ театар за драмата „Главом кроз зид“, 2004 година
Надворешни врски