Археолошките ископувања во областа на денешниот град Земерда, порано Лојбинген, имаат пронајдено човечки остатоци кои потекнуваат околу 2000 година п.н.е..
Земерда бил првпат споменат во официјалните документи во 876 н.е.. Веројатно станал град околу 1350 година, но не постојат докази за овој настан. Една градска порта од 1395 година и шест кули од старите градски ѕидини се зачувани и денес.
Во текот на Триесетгодишната војна (1618–1648), Земерда бил во срцето на воените борби и војниците од двете страни го ограбувале градот, поради што се преполовило населението.
Во 1840 година, Јохан Николаус фон Драјсе го пронашол пиштолот со игла и била основана фабрика за оружје во градот. Во 1919 година, компанијата Рајнметал (Rheinmetall) ја презела фабриката, подоцна наречена Рајнметал-Борзиг и отпрвин произведувала автомобилски делови. Првично имала мал успех со производството на карбуратори, потоа во 1925 година амбициозниот нов менаџер, инженерот Фриц Фауди ја преземал и развил нов вид на зглоб, кој станал исклучително популарен. Системот Рајнметал-Фауди бил добро познато име и фабриката во Земерда била најголем производител во Германија.
Во април 1912 година, фабриката се вратила на производство на оружје прекршувајќи ги повоените одредби кои забранувале производство на оружје. Од октомври 1922 година, фабриката го произведувало целокупното количество на бушони во Германија, кое било допуштено од сојузниците и исто така започнала со производство на новата автоматска пушка МГ30 под водство на Луј Шмајсер.
Во септември 1944 година, Рајнметал-Борсиг станала надворешен камп на концентрациониот камп Бухенвалд. Околу 1.294 женски затворенички биле присилени на принудна работа во кампот, на возраст помеѓу 16 и 60 години, повеќето Евреи од Унгарија. Жените помагале при изработката на делови на оружјето и воените возила кои се користеле во војната; две нови работилници биле изградена тука во 1944 и 1945. СС го евакуирале кампот на почетокот на април 1945 година, испраќајќи ги затворениците и надгледувачите на посмртен марш, кој завршил близу П’лзењ, Чехословачка.
Денес, на специјални гробишта во Земерда се наоѓаат гробовите и споменици на затворениците во кампот, присилените работници и воените заробеници.
На 11 април 1945 година пристигнале Американците и ја затекнала напуштената фабрика, која сепак не била оштетена од бомбардирањето. Неколку денови подоцна, Тирингија била окупирана од Русите, кои продолжиле со производство во фабриката, вработувајќи помеѓу 1.000 и 1.500 работници. Производството се вратило на автомобилски делови до 1950-тите години, кога повторно се започнало со производство на оружје. Подоцна, Рајнметал-Борсиг станала денешната компанија Рајнметал ДеТек АГ (Rheinmetall DeTec AG).
По Втората светска војна, градот се нашол на територија на новосоздадената Источна Германија, а фабриката станала општествена, но го користела истото име и лого.
Политика
Градски совет
Градскиот совет на Земерда е составен од 24 членови, а според последните општински избори на 26 мај 2019 година распределбата на местата е следна:[2]
Градоначалник на Земерда е Ралф Хауболт од 2012 година (Die Linke).[3]
Грб
Грбот на градот е штит со две поделени полиња хоризонтално; горната половина има црн орел со црвен јазик и е свртен на десно, додека долната половина е црвена со сребрено тркало.