Зворнички Санџак (турски: İzvornik Sancağı, српскохрватски: Zvornički sandžak) — санџак кој припаѓал на Босанскиот Пашалак во рамките на Отоманското Царство. градот Зворник (во денешна Босна и Херцеговина) бил административен центар на санџакот. Санџакот бил поделен на четири кази: Жепече, Маглај, Тузла и Кладањ. Санџакот бил создаден помеѓу 1478 и 1483 година. По неговото распаѓање во 1878 година, откако Австроунгарија ги победила Османлиите, Зворник станал дел од Зворник Котар.
За време на османлискиот период, Зворник бил главен административен град и имал голема улога во економијата на санџакот главно поради неговата стратешката важност. Санџкот бил еден од шесте отомански санџаци со најразвиена бродоградба (покрај Видин, Никопол, Пожега, Смедерево и Мохач)[1].
Наводи
- ↑ Godis̆njak grada Beograda. Beogradske novine. 1979. стр. 35. Посетено на 7 September 2013.
Ипак градња бродова се посебно везивала за шест санџака: никопољски, видински, смедеревски, зворнички, пожешки и мохачки.