Захар Прилепин

Захар Прилепин
Роден 7 јули 1975(1975-07-07)
Рјазањска област, СССР
Националност русин
Занимање писател

Захар Прилепин (1975) - руски писател.

Животопис

Прилепин е роден во селото Иљинка во Рјазањската област. Дипломирал на филолошкиот факултет при Универзитетот на Нижегород. На почетокот, работел како обезбедување во ноќните клубови, физички работник, гробар, а како командант на една единица на ОМОН (одделение на полицијата за посебни намени) учествувал во војната во Чеченија. Потоа, работел како новинар.[1]

Творештво

Прилепин е еден од водечките руски писатели, добитник на бројни руски награди, како: „Верните синови на Русија“, „Национален бестселер“, „Супернацбест“ итн. Неговите дела се вклучени како задолжителна или препорачана литература во наставните програми на пет руски универзитети. Најпознати негови дела се: „Грев“, „Чевли полни со жешка вотка“, „Сањка“, „Дојдов од Русија“, „Патологии“ и „Црниот мајмун“.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 182.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!