Женската кошаркарска репрезентација на Србија (српски: Женска кошаркашка репрезентација Србије / Ženska košarkaška reprezentacija Srbije) ја претставува Србија на меѓународни натпревари во женска кошарка и е контролирана од Кошаркарската федерација на Србија. Србија во моментов е европски шампион и се наоѓа на седумнаесеттото место на Светската ранг листа на ФИБА.[1]
На меѓународни натпревари порано беше претставувана како „женска кошаркарска репрезентација на СР Југославија / Србија и Црна Гора“ до 2006 година. Кога Србија стана независна, таа стана држава наследничка на Србија и Црна Гора и, според тоа, резултатите од претходната држава СР Југославија / Србија и Црна Гора со право и припаѓаат.[2]