Женска Плажа — археолошко наоѓалиште во градот Струга. Претставува црква од средниот век.[1]
Локалитетот бил случајно откриен во октомври 2010 година, каде при копање на темели за изградба на билборди биле откриени темели на сакрален објект.
Според изјавите на стручните лица од струшкиот музеј, на тоа подрачје отсекогаш постоел сакрален објект. Изворите укажуваат дека тука имало црква уште во 50-те години на 20 век. Истото е наведено и во извештајот на тогашниот директор на музејот во Охрид Васил Ахтов. Проблем бил само утврдувањето на точната позиција каде се наоѓала црквата, бидејќи во меѓувреме таму биле вршени повеќе градежни зафати.
Се претпоставува дека тука се наоѓала црквата Света Богородица, а во непосредна близина и црквата Света Варвара.
Поврзано
Наводи