Железничката станица Хајдарпаша (турски: Haydarpaşa Garı) е почетна и главна железничка станица на азискиот дел од градот Истанбул, Турција. Првата станица била изградена во 1872 година.
Таа служи за железничко поврзување на градот со престолнината Анкара, и поретки други одредишта во Анадолија, како и со Багдад и Медина. Железничката мрежа на европските и азиските земји во моментов се поврзани со Босфорски ферибот и низ подводниот тунел „Мармарај“ пуштен во употреба на 29 октомври 2013 г.[1]