Жалец (германски: Sachsenfeld[2]) — град во централна Словенија. Тој е седиште на општина Жалец. Градот е сместен во долината на долниот тек од реката Савиња, западно од Цеље. Основна економска активност во регионот е одгледување хмељ, кој исто така е застапен во грбот на градот. Градот се наоѓа во трациционалниот регион Штаерска. Општината е вклучена во Савињскиот статистички регион.[3]
Име
Градот бил потврден во пишаните извори како Saxenburc и Sachsenwelde во 1182 година (и како Saschenvelde во 1232 и Sachsenfelde во 1256 г.). Средновековните германски имиња се засновани на народна етимологија од словенечко име, веројатно генитив од множинската форма *Жалци. Ова пак било засновано на личното име *Жал и означува „потомци на Жал“.[4] Во модерниот германски јазик, населбата била позната како Sachsenfeld.[2][5]
Црква
Парохијалната црква во градот е посветена на Свети Никола и припаѓа на епархијата Цеље. Таа била изградена помеѓу 1903 и 1906 година на местото на црква од 16. век. Црквата од 6. век имала изѕидан заграден простор за да го заштити месното население од османлиските налети. Кружна кула од заградениот простор сѐ уште стои веднаш до црквата.[6]
Наводи
Надворешни врски