Жаба
Жаба
Жаба — водоземец од редот на безопашести водоземци (науч . Anura ). Редот безопашести водоземци (Anura ) е првпат класифициран од страна на Блазиус Мерем (1761-1824) во 1820 година.
Опис
Возрасните жаби се одликуваат со долги задни нозе, кратко тело и вмрежени прсти, очи што штрчат и недостаток на опашка . Големината им варира од 10 мм (Psyllophryne didactyla од Бразил и Eleutherodactylus iberia од Куба ) до 300 мм (Conraua goliath од Камерун ). Возрасните жаби имаат месојадна исхрана, најмногу со членконоги , црви и мекотели . Жабите се најзабележливи преку нивните звучни повици, кои можат да се слушнат за време на нивната сезона за парење .
Распространетоста на жабите варира од тропските до субарктичките региони, со најголем број на видови во тропските дождовни шуми . Повеќето жаби живеат во плитки водени површини , но исто така лесно се движат и на земја со скокање или качување. Вообичаено жабите ги несат јајцата во бари, мочуришта или езера , и нивните ларви , наречени полноглавци , имаат жабри и се развиваат во вода.
Видови жаби
Жаба
Со повеќе од 5.000 опишани видови, жабите се меѓу најразновидните групи ’рбетници .
Често се прави разлика помеѓу жабите и краставите жаби на основа на нивниот изглед, но оваа разлика нема таксономска издржаност. Единственото семејство на која екслузивно ѝ е дадено името „крастава жаба“ е Bufonidae , но многу видови од другите семејства исто така се нарекуваат „крастави жаби“, а видовите во рамките на видот крастави жаби Atelopus се нарекуваат и „арлекински жаби“.
Отровната стрела - жаба е најотровната жаба во светот, која што е застапена во тропските шуми на Амазонија . Нејзиниот отров е доовлен да усмрти 20.000 глувци или да ја сопре работата на срцето на некој ’рбетник . Самиот отров се наоѓа и се лачи на површината на кожата .
Жабата како тема во уметноста и во популарната култура
„Парите на жабата“ - кавкаска народна приказна.[ 1]
„За жабата“ — басна во стихови на Михо Атанасовски .[ 2]
„Момчињата и жабите“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс .[ 3]
„Зајците и жабите“ - басна на Емброуз Бирс.[ 4]
„Две жаби“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп .[ 5]
„Магарето и жабите“ - басна на Езоп.[ 6]
„зајците и жабите“ - басна на Езоп.[ 7]
„Жабите, трупецот и хидрата“ - басна на Езоп.[ 8]
„Жаби“ - песна на германскиот писател Јохан Волфганг Гете .[ 9]
„Кралот на жабите или железниот Хајнрих“ – сказна на браќата Грим .[ 10]
„Како жабокот добил мустаќи“ (српски : Како је жабац стекао бркове ) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај .[ 11]
„Жабата чита весник“ (српски : Жаба чита новине ) - песна на Јован Јовановиќ-Змај.[ 12]
„Жабоци Гајдамаци“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски .[ 13] [ 14]
„Зелен фрак“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски .[ 15]
„Песната на една жаба“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[ 16]
„Жаба капетан“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец .[ 17]
„Смртта на природонаучникот“ — песна на северноирскиот поет Шејмас Хини .[ 18]
„Жаба на мирот“ (англиски: Peace Frog ) - песна на американската рок -група Дорс (The Doors ) од 1970 година.[ 19]
„Жаби со валкани мали усни“ (англиски: Frogs With Dirty Little Lips ) — песна на американскиот рок-музичар Френк Запа (Frank Zappa ) од 1984 година.[ 20]
Наводи
↑ Кавкаске бајке . Београд: Народња књига, 1963, стр. 159-160.
↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 49.
↑ Емброуз Бирс, Басни . Скопје: Темплум, 2016, стр. 33.
↑ Емброуз Бирс, Басни . Скопје: Темплум, 2016, стр. 50.
↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу) . Београд: Просвета, 1963, стр. 19 и 41.
↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу) . Београд: Просвета, 1963, стр. 40.
↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу) . Београд: Просвета, 1963, стр. 27-28.
↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу) . Београд: Просвета, 1963, стр. 52.
↑ Johan Volfgang Gete, Pesme . Beograd: Rad, 1964, стр. 105.
↑ Браќа Грим, Храбриот кројач , Детска радост, Скопје, 1980.
↑ Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди . Београд: Просвета, 1963, стр. 66.
↑ Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди . Београд: Просвета, 1963, стр. 65.
↑ Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми . Скопје: Темплум, 2014, стр. 32-35.
↑ Славко Јаневски, ШЦрни и жолти , Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 29-33.
↑ Васил Куноски, Песни . Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 54.
↑ Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка . Скопје: Наша книга, 1995, стр. 39.
↑ Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството . Скопје: александар & александар, 2000, стр. 30.
↑ Шејмас Хини, Песме . Београд: Цицеро, Земун: Писмо, Нови Сад: Матица српска, 1993, стр. 7-8.
↑ Discogs, Nhe Doors – Morrison Hotel (пристапено на 9.8.2020)
↑ Zappa* – Them Or Us (пристапено на 28.1.2024)