Естрогените хормони (или естрогени) претставуваат стероидни супстанци кои имаат важна улога во естрогениот циклус и затоа се сметаат за женски полови хормони. Се лачат од фоликулите од овариумите. Овие хормони се одговорни за појавата на женските полови одлики. Активноста на естрогените хормони е изразена за време на пубертетот, кога отпочнува првиот месечен циклус на овариумите. Со намалување на лачењето на естрогените, најчесто меѓу 45-тата и 50-сеттата година од животот, настанува период на менопауза.
Естрогените хормони може се присутни кај ’рбетниците.[1][2]
Забележете ги хидроксилните (–OH) групи: естронот (E1) има една, естрадиолот (E2) има две, естриолот (E3) има три, и естетролот (E4) има четири.
Четирите најзастапени естрогени кај жените се естрон (E1), естрадиол (E2), естриол (E3), и естетрол (E4). Естрадиолот (E2) е доминантен естроген за време на репродуктивната возраст, како во однос на серумското ниво, така и во поглед на естрогенската активност. За време на менопаузата, естронот е доминантен циркулирачки естроген, а за време на бременост доминантен циркулирачки естроген е естриолот. Даден како субкутана инјекција кај глувци, естрадиолот е околу 10 пати повеќе потентен од естронот и околу 100 пати повеќе потентен од естриолот.[3] Така, естрадиолот е најзначајниот естроген кај не-бремени жени помеѓу менархата и менопаузата. Меѓутоа, за време на бременоста оваа улога ја презема естриолот, а кај постменопаузални жени естронот станува примарна форма на естроген во телото. Друг тип на естроген наречен естетрол (E4) се произведува само за време на бременоста. Сите различни форми на естроген се синтетизираат од андрогените, особено од тестостерон и андростендион, под дејство на ензимотароматаза.
Естроген се присутни и кај мажите и кај жените. Обично се присутни во значително повисока концентрација кај жените во репродуктивната возраст. Тие го иницираат развојот на вторичните сексуални одлики кај жениите (како што се градите) а исто така имаат важна улога и во регулирањето на менструалниот циклус.
Кај мажите, естрогените хормони исто така регулираат некои функции на репродуктивниот систем важни за созревањето на сперматозоидите [7][8][9] и веројатно се одговорни за поседување на здраво либидо.[10][11] Постојат и неколку други структурни промени кои се индуцирани од страна на естрогените.
Примена во медицината
Средство за орална контрацепција
Естрогените хормони се користат како орални контрацептивни средства со оглед на тоа што со нивната циркулација во крвта се намалува концентрацијата на LH и на Фоликулостимулирачкиот хормон.
Рак на дојката
Во околу 80% од случаите на појава на рак на докјата, понатамошниот развој на ракот се темели на присутниот естроген. Ваквите канцери се познати како хормон-осетливи или хормон-рецептор-позитивен канцери. Сузбивањето на производството на естроген во телото се користи третман на овој вид на рак на дојката.
Рак на простатата
Под одредени околности естрогенот исто така може да се користи и кај мажите за третман на рак на простатата.[12]
Останато
Кај луѓето и кај глувците, естрогенот го помага заздравувањето на раните.[13]
Козметика
Некои шампони за коса содржат естрогени супстанци, а други содржат фитоестрогени. Поради ова се имаат појавено случаи кога кај мали деца се развиваат гради како резултат на изложувањето на естрогенот присутен во овие шампони.[14] Исто така голем број на козметички производи како конзерванси користат ксеноестрогени супстанци кои може да го имитираат дејството на естрогените хормони.
Ефектите врз животната средина
Во последниве години е откриено дека преку отпадната вода, естрогенот го наоѓа својот пат во животната средина. Естрогените се само мал дел од многуте соединенија кои може да делуваат како пореметувачи на ендокриниот систем, а тоа се должи на фактот дека тие имаат висока естрогена активност. Кога естрогените ќе навлезат во животната средина може да предизвикаат сериозни проблеми со репродуктивниот систем кај мажјаците (и кај луѓето и кај животните)[15] Еестрогените екскретирани од жените, како и на естрогените кои претставуваат отпад од користењето на контрацептивните таблети стигнуваат и до водените системи. Во текот на периодот на репродукција на рибите нивните икри се изложени на ниски нивоа на естроген, а тоа што предизвикува репродуктивни дисфункции кај рибите мажјаци[16] - некои риба поради ова се раѓаат и со машки и си женски полови органи. Други риби мажјаци може имаат ниска плодност.
↑Bhavnani BR, Nisker JA, Martin J, Aletebi F, Watson L, Milne JK (2000). „Comparison of pharmacokinetics of a conjugated equine estrogen preparation (premarin) and a synthetic mixture of estrogens (C.E.S.) in postmenopausal women“. Journal of the Society for Gynecologic Investigation. 7 (3): 175–83. doi:10.1016/s1071-5576(00)00049-6. PMID10865186.
↑Hess RA, Bunick D, Lee KH, Bahr J, Taylor JA, Korach KS, Lubahn DB (1997). „A role for oestrogens in the male reproductive system“. Nature. 390 (6659): 447–8. doi:10.1038/37352. PMID9393999.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
↑Hill RA, Pompolo S, Jones ME, Simpson ER, Boon WC (2004). „Estrogen deficiency leads to apoptosis in dopaminergic neurons in the medial preoptic area and arcuate nucleus of male mice“. Mol. Cell. Neurosci. 27 (4): 466–76. doi:10.1016/j.mcn.2004.04.012. PMID15555924.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
↑Wang S, Huang W, Fang G, Zhang Y, Qiao H (2008). „Analysis of steroidal estrogen residues in food and environmental samples“. International Journal of Environmental Analytical Chemistry. 88 (1): 1–25. doi:10.1080/03067310701597293.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)