Ердоан Максут (турски: Erdoğan Maksut; роден во 24 мај 1959 во Скопје) — македонски театарски и филмски глумец од турска народност.
Биографија
Ердоан Максут во 1985 година дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, отсек театарска глума во класата на професорот Владимир Милчин. Во периодот од 1999-2001 г. во првата класа ги завршил последипломските студии по Театрологија и успешно ја одбранил магистерската теза „Трагедијата на репертоарот на Н.У. Турски театар - Скопје во првата половина на осмата декада од XX век“, под менторство на проф. д- р Нада Петковска и се здобил со научна титула Магистер по Театролошки науки.
Член е на Н.У. Турски театар од Скопје од 1978 г. до 2012 г. Надвор од матичната сцена има остварено улоги во Театар за деца и млади од Скопје, културниот центар „Скрб и Утеха“, разни независни продукции, телевизии, радио драми, филмови итн.
Максут исто така бил и помошник по режија во повеќе од десет претстави на матичната сцена на Турскиот тетар, напишал сценарио и режирал мини ТВ серија од пет епизоди “Olaylar“ (Случки) снимена на турски јазик со македонски превод. Учествувал во Македонските народни приказни.
Од 2012 г. е член на Н.У. Театар Комедија - Скопје, каде исто така остварува повеќе значајни улоги. Во 2023 година се пензионира во Театар Комедија.
Ердоан Максут е син на Џемаил Максут и Сузан (Радмила) Максут кои исто така биле глумци во Н.У. Турски театар од Скопје.
Театарски улоги
- „Дневникот на лудиот“ Н.В. Гогољ
- „Соблазна во долината Шентфолиријанска“ од Иван Цанкар
- „Приказна што зборува за патувањето“ од Жан Клод Ван Итали
- „Мостот на честа“ од Хасан Мерџан
- „Кафкаски круг со креда“ од Бертолт Брехт
- „Белото Циганче“ од Видое Подгорец
- „Шеќерна приказна“ од Славко Јаневски
- „Аман да не чуе жена ми“ од Жорж Фејдо
- „Искрените“ од Мариво
- „Хурем Султан’’ од Орахан Асена
- „Предлог за брак“ и „Просидба“ од А. П. Чехов
- „Орхан од нашата улица“ од Неџати Зекерија
- „Дас Капитал“ од Братислав Димитровски
- „Мајка Елиф“[1]
- „Ах љубов моја“ од Коле Ангеловски
- „За секого има по една“ од Венко Андоновски
- „Хамлет во пикантен сос“ од Алдо Николај
- "Чувството на брадата" од Ксенија Драгунска
- "Господарот на кукавицата" од Венко Андоновски
- "Вардарски пастуви" од Симон Буве
- „Бракот е брак“ од А. П. Чехов
- "Мизантроп" од Ж. Б. П. Молиер
Филмографија
Наводи
Надворешни врски