Ендимион бил млад ловец во кого се вљубила божицатаСелена. За да може да го љуби, таа го заспала; по друга верзија, тој бил казнет со вечен сон затоа што се вљубил во божицата Хера; а по трета верзија, поради неговата љубов кон Хера, Зевс му оставил да избере на кој начин сака да умре, а Ендимион избрал вечен сон како начин да остане вечно млад и бесмртен. Еден антички релјеф го прикажува Ендимион додека спие, а неговото куче лае, објавувајќи го доаѓањето на Селена.[1]
Ендимион како мотив во уметноста
„Селена и Ендимион“ — слика на италијанскиот сликар Себастијано Ричи од 1713 година.
„Сонот на Ендимион“ — слика на францускиот сликар Ан-Луј Жироде од 1791 година.
„Дијана и Ендимион“ — слика на францускиот сликар Жером-Мартан Ланглоа од 1822 година.