Едреник

Едреникот Mare Frisium
Едреникот Миховил во задарското пристаниште Јазине

Едреник[1][2] — вид брод што ја користи ветерната енергија за да се движи.

Историја

Едрениците се појавиле во времето на крстоносните војни, како бродови со високи страни и кружен труп. Тие имале поголема носивост во споредба со претходните бродови, кои најчесто користеле весла за погон. Во 11 век се користи брод со 2 јарболи, а од 13 до 16 век каравели и караки.

Во 17 век за прекуокеански пловидби се користеле источнииндијци (англиски: East Indiamen), западноиндијци () и левантинци (). Тоа се веќе тријарболни едреници, со депласман до 1500 тони. Имаат 3 вкрстени едра на предните два јарбола, и големо латинско едро на задниот јарбол. Имаат таканаречени летечки едра меѓу јарболите.

Најголем развој едрениците достигнале во 19 век. Во 1820-тите години, брзите фрегати () и поштенските бродови го минуваат патот од Њујорк до Ливерпул за 16-17 дена, а нивните депласмани биле 500-1000 тони. Во 1840-тите бил претставен клиперот, најсовршениот и најбрзиот едреник од таа ера.

Од средината на 19 век сè повеќе се градат едреници со железни и челични конструкции, иако парниот погон на бродовите сè повеќе ги потиснува. Долго време се граделе и комбинирани бродови, со погон на пареа и дополнителни едра, кои биле поекономични од чистите пароброди поради помалата потрошувачка на јаглен. Така во 1907 годин во САД бил изработен едреникот „Томас Лосон“ () со депласман од 12.000 тони со дополнителни едра од површина од околу 3.800.

На почетокот на 20 век едрениците со депласман поголем од 1000 тони исчезнуваат, но се јавуваат моторните едреници со депласман до 500 тони, и мотор до 300 коњски сили. Тие сè уште понекогаш се користат за транспорт.

Наводи

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!