Евровизија 1956 е првата одржана евровизија. Се одржала на 24 мај, во Лугано, Швајцарија. Учествувале 7 држави: Швајцарија, Италија, Франција, Германија, Луксембург, Холандија и Белгија. Некои од земјите имале по двајца претставници кои пееле по една песна, а некои по еден претставник кој пеел две песни, па така вкупниот број на песни изнесувал 14. Секоја од земјите испратила по двајца судии кои гласале тајно, освен Луксембург кој поради финансиски проблеми ја овластил Швајцарија да постави свои судии. Победник на Евровизија 1956 е самиот домаќин Швајцарија со претставничката Лис Асиа со песната „Refrain“.