Евер Максимилиано Давид Банега (роден на 29 јуни 1988) — аргентински фудбалер, играч од средниот ред на Севиља и на аргентинската репрезентација.
Тој ја започнал својата кариера во Бока Хуниорс, но во 2008 година потпишал за Валенсија, каде што останал неколку години, при што настапил на 162 официјални натпревари и го освоил шпанскиот куп во 2008 година. По неговото приклучување во тимот на Севиља во 2014 година, тој освоил неколку последователни трофеи во Лигата на Европа.
На репрезентативно ниво, Банега настапил за репрезентацијата на Аргентина, на повеќе турнири, меѓу кој и настапите за олимписката селекција на Аргентина на ЛОИ во Пекинг 2008, каде што се закитил со златен медал, и три учества на Копа Америка, помагајќи и на својата земја да стигне до финалето во 2015 и 2016 година.
Надворешни врски