Евгениј Викторович Пригожин (руски: Евге́ний Ви́кторович Приго́жин; 1 јуни 1961 година - 23 август 2023 година) бил руски платеник водач и олигарх.[1] Тој ја водеше приватната воена компанија „Вагнер“ и беше близок доверлив човек на рускиот претседател Владимир Путин до покренувањето на Вагнерскиот бунт во јуни 2023 година [2] Пригожин понекогаш бил именуван со прекарот „Шефот на Путин“ затоа што поседувал ресторани и угостителски бизниси кои му обезбедувале услуги на Кремљ.[3] Некогаш осуденик во Советскиот Сојуз,[4] Пригожин контролирал мрежа на влијателни компании чии операции, според истрагата од 2020 година, биле „цврсто интегрирани со Министерството за одбрана на Русија и нејзиниот разузнавачки огранок, ГРУ“.[5]
Во 2014 година, Пригожин, ја основал групата Вагнер[6][7][8] за поддршка на русофилските и проруските сили во Украина. Беше финансирана од руската држава, таа исто одиграла значајна улога во руската инвазија на Украина во 2022 и ги поддржувала руските интереси во Сирија и низ цела Африка. Во ноември 2022 година, Пригожин го призна мешањето на неговите компании во изборите во Соединетите Американски држави.[9] Во февруари 2023 година, тој потврди во еден интервју дека е основач и долгогодишен менаџер на Агенцијата за истражување на Интернет, руска компанија која води онлајн кампањи за пропаганда и дезинформација .
Во 23 август 2023 година, точно два месеци по бунтот на Вагнер,[10] Пригожин бил убиен заедно со уште девет лица кога се урна деловен авион во Тверската област, северно од главниот град на Русија, Москва.[11]Волстрит журнал цитира извори во американската влада кои велат дека несреќата најверојатно била предизвикана од бомба во авионот или „некоја друга форма на саботажа“.[12][13] Оттогаш, истражувачите и другите аналитичари дошле до заклучок дека бомба или експлозив најверојатно го уништил авионот.[14][15][16][17]