Дубравка Угрешиќ (хрватски: Dubravka Ugrešić; 27 март 1949 – 17 март 2023) — хрватска, југословенска и холандска писателка, публицистка и научничка.
Животопис
Угрешиќ дипломирала општа и компаративна книжевност и руска книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Работела повеќе од дваесет години на Институтот за теорија на книжевноста. По распадот на Југославија, во 1993 година се преселила во Амстердам.[2] [3]
Творештво
Најпознати дела на Угрешиќ се:[2]
- Поза за проза
- Штефица Цвек во вилиците на животот
- Животот е бајка
- Форсирање на романот-река (1988)
- Американски фикционер
- Култура на лагата
- Музеј на безусловното предавање
- Забрането читање
- Министерство на болката
- Никој нема дома
- Баба Јага снесе јајце
- Лисица (2017)
Нејзините дела се преведени на повеќе од 20 јазици, а за романот „Форсирање на романот река“ ја добила НИН-овата награда.
Официјално мрежноместо
Официјално мрежно место на Дубравка Угрешиќ
Наводи