Драчевска Пештера |
---|
Влезот на Драчевска Пештера |
Место | планина Китка, Македонија |
---|
Должина | 130 м |
---|
Надм. височина | 700 м |
---|
Драчевската Пештера се наоѓа на северните падини на планината Китка, во непосредна близина на селото Вртекица. Сместена е во дол на надморска височина од 700 метри. Отворот се наоѓа во една карпа и е доста голем, со височина од околу 2,5 - 3 метри, а лесно пристапен е првиот дел во должина од 10 метри, каде започнува еден тесен канал низ кој мора да се оди во лежечка положба со провирање со задржан воздух за да се влезе во главната сала. Во нејзиниот средиштен дел изградена е пештерска сала со 54 м², средна височина на таваницата до 5 метри. Вкупната должина на пештерата достигнува 130 метри. Во Драчевската пештера, во нејзиниот почетен дел, регистрирана е рецентна пештерска фауна.[1] Според категоризацијата на пештерите во Македонија, Драчевската Пештера спаѓа во категоријата Значајни пештери[2].
Галерија
-
Поглед на отворот и влезот на пештерата
-
Поглед на отворот и влезот на пештерата
-
Поглед на внатрешниот дел од отворот до процепот за главната сала
-
Поглед на внатрешниот дел од отворот до процепот за главната сала
-
Поглед на внатрешниот дел од отворот до процепот за главната сала
-
Поглед на отворот од внатрешната страна
-
Поглед на отворот од внатрешната страна
-
Поглед на отворот од внатрешната страна
-
Поглед на почетниот внатрешен дел
Наводи
- ↑ Колчаковски, Драган (1993). Категоризација на позначајните пештери во Република Македонија. 1 (1. изд.). Скопје: Институт за географија,ПМФ.
- ↑ Колчаковски, Д. (1986). Драчевска пештера - спелеолошки проучувана .Геогр. раз.(23-24): 113-120