Драма во Ливонија (француски: Un drame en Livonie) ― трагичен загадочен роман напишан од Жил Верн во 1893 година,[1] ревидиран во 1903 година и првпат објавен во 1904 година.
Преглед на заплетот
Во гувернатот Ливонија, еден од вработените во банка, кој носи пари, е убиен. Главниот осомничен е професорот Димитри Николеф. Тој бил единствениот присутен, покрај гостилничарот Герман Кроф. Владимир Јаноф, адвокат и свршеник на Илка Николеф (ќерка на професорот), избегал од Сибир за да ја докаже невиноста на неговиот иден свекор.
Наводи
- ↑ Книгата била напишана за време на Аферата Драјфус, оттука е сличноста на приказните.