Драгутин Аврамовски-Гуте (11 март 1931 во Куманово — 12 септември 1986 во Скопје) — истакнат македонски академски сликар и графичар.[1]
Тој бил еден од првите македонски апстрактни сликари и има посебен придонес за развитокот на современиот графички израз во Македонија. Се занимавал и со сценографија и со илустрација.
Животопис
Дипломирал на Академијата за применета уметност во Загреб во 1955 година. Имал ретроспективна изложба во Музејот на современата уметност во Скопје во 2002 година.[1]
Наводи