Досе (германски: Dosse) — река во округот Источен Пригниц-Рупин во северозападниот дел на Бранденбург, Германија. Таа е десна притока на Хафел. Досе е долга 94 километри, а нејзиниот извор се наоѓа на границата помеѓу Мекленбург-Западна Померанија и Бранденбург, потекнувајќи од три мали потоци кои се соединуваат по четири километри. Главно тече кон југ, низ Витшток, Вустерхаузен и Нојштат на Досе, пред да се влие во Хафел близу Хафелберг во Саксонија-Анхалт. Вкупното сливно подрачје е 1.269 км².
На нејзините брегови во градот Витшток се случила Битката кај Витшток во 1636 помеѓу Шведска и сојузот помеѓу Светото Римско Царство и Саксонија во текот на Триесетгодишната војна.