Свиштовскиот договор — договор со кој завршила Австриско-турската војна (1787-1791). Договорот бил потпишан на 4 август 1791 година во Свиштов, денешна Бугарија.
Договорот од Свиштов ставил крај на последната австриско-турска војна, т.е. де-јуре меѓу Светото Римско Царство и Отоманското Царство. Една од причините за брзото завршување на војната од страна на Австрија, покрај воените успеси со зазимањето на Белград и Калафат бил склучениот сојуз меѓу Османлиското Царство и Прусија. Освен тоа избувнала и Француската револуција и австриската влада своето внимание го насочила кон Франција.
Поради започнувањето на војните на Наполеон Бонапарт, Австрија ја променила својата тактика кон Балканот. По склучувањето на овој мир, Австрија повеќе не водела војна со Османлиите. Во текот на војната започнало Јагодинското востание на чело со Коча Ангелковиќ. Свиштовскиот договор ги амнестирал учесниците во тие бунтови кога во 1793 година Селим III со ферман истото го потврдил. Освен тоа, Селим III дал слобода на христијанското население, а во 1796 година 45 селски кметови ги изгубиле своите овластувања а наместо нив биле формирани 12 нахии.