Димитар Аврамовски Пандилов (1 март 1899 - 26 јули 1963 ) — истакнат македонски уметник, претставник на импресионизмот и еден од основачите на ДЛУМ .
Животопис
Охрид , 1950.
Роден е во 1899 г. во с. Тресонче . Завршил ликовна академија во Софија, 1924 год. Бил во Франција (Монпелје и Париз ), каде што меѓу другото работел и на академијата „Гранд Шомјер “ (1928 ).
Самостојно излагал (од 1926 год.) во Ќуприја , Скопје , Софија . Излагал на повеќе групни изложби во Софија и во Југославија; меѓу другото на повеќе тематски и претставителни изложби на македонската уметност .
Пандилов е претставник на жанрот битово сликарство со неговите дела што го обработуваат народниот живот и битот на македонскиот народ .
Загинал во Скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 г.
Најпознати дела
Споменик на Димитар Пандилов на Мостот на уметноста
„Покрај вода“ (1925) [ 1]
„Жетварки“ (1926)
„Акт“ (1928)
„Вршидба“ (1936)
„Жетварки“ (1936)
„Товарен воз“ (1950)
„Вршидба“ (1951)
„Жетва“ (1954)
„Режење на афион“ (1959)
„Невести на чешма“
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Родословие