Дејан Ловрен (роден на 5 јули 1989) — хрватски фудбалер, централен одбранбен играч на Ливерпул и на хрватската репрезентација.[1]
Ловрен ја започна кариерата во Динамо Загреб каде што помина 4 сезони, а во јануари 2010 година тој го засили францускиот Лион.Тој помина три и пол сезони во дресот на Лион со кој го освои купот во Лига 1 во 2012 година, пред да премине во Премиер лигата во тимот на Саутемтон во 2013 година. Тој имаше одлична сезоната во Саутемтон, и после само една година, тој се приклучи на Ливерпул во 2014 година. Трансферот изнесуваше £20 милиони фунти.
За хрватската фудбалска репрезентација своето деби го имаше во 2009 година, и има забележано повеќе од 30 настапи, а беше и дел од репрезентацијата на Светското првенство во Бразил во 2014 година.
Наводи