Со своите дела влијаел врз расположението на граѓаните во борбата против феудалниот и апсолутистичкиот режим. Главни негови дела се: „Фаталистот Жак и неговиот господар“ (Jacques le fataliste et son maître), славниот дијалог „Внукот на Рамо“ (Le Neveu de Rameau) и по други негови дела како „Писма на слепите“, „Разговор на Даламбер и Дидро“, „Мисли на толкување на природата“.
Животопис
Дени Дидро е роден во Источниот дел на Франција, во градот Лангр а своето формално образование го започнал во Лисејот Луј Велики. Во 1732, тој ја стекнал својата диплома за уметност и филозофија. Ја напуштил идејата да влезе меѓу свештенството и наместо тоа се одлучил да студира право. Неговите студии по право биле краткотрајнич во 1734, Дидро место правник одлучил да стане писател. Поради одбивањето на тие професии за кои претходно учел, неговиот татко дигнал раце од него, а следните десет години живеел боемски живот.
Во 1743, тој уште повеќе се оддалечил од татка си женејќи се со Антоанет Шампион. Тие не биле соодветен пар поради нејзиното слабо образование, низок социјален статус а и со тоа што на негови триесет и две таа била четири години постара. Од овој брак Дидро имал едно дете, ќерка. Таа се викала Анжелика, крстена по неговата покојна мајка и по неговата сестра. Смртта на неговата сестра, калуѓерка, веројатно влијаела врз мислењето и ставот на Дидро за црквата и религијата. Таа му била инспирација за неговиот роман Верничка, La Religieuse, каде тој зборува за жена која е принудена да оди в манастир, и страда во рацете на другите калуѓерки во заедницата.
Тој имал љубовни врски со писателката Мадам Пуизје и со Софи Волан. Неговите писма до Софи Волан се мошне значајни показатели за секојдневието на филозофскиот кружок во Париз во тој период.
Иако неговото дело било обемно, пишувањето не го збогатило. Тој дури и не добил јавно признание за тоа што бил избран за член на Француската Академија. Кога дошло време да обезбеди мираз за ќерка си, немал друга алтернатива освен да ја продаде својата библиотека. Кога Катерина II од Русија слушнала за неговите финансиски проблеми, назначила агент во Париз за откуп на Дидроовата библиотека. Тогаш побарала Дидро да ја задржи библиотеката со сите книги во Париз сè додека таа не си ги побара, а Дидро да делува како нејзин библиотекар со годишна плата. Во 1773 и 1774, Дидро поминал неколку месеци во дворецот на царицата во Санкт Петербург.
Дидро починал од проблеми со цревата во Париз, на 31 јули 1784 и бил закопан во Црквата Сен-Рош. Неговите наследници огромната Дидроова библиотека и` ја испратиле на Катерина II, која ја подарила на Националната Руска Библиотека[се бара извор].
Раниот период на Дидро вклучува превод на делото Историја на Грција од Станиан. Заедно со уште двајца колеги, Франсоа Венсен Тусен и Марк-Антоан Еиду, го превел Медицинскиот речник на Роберт Џејмс[1]. Во 1746, го напишал неговото прво оригинално дело: Филозофски мисли (на францускиPensées philosophiques)[2], и на тоа додал еден друг кус есеј во врска со природата на религијата.
Во 1747, го напишал делото Прошетка на скептикот (на француски: Promenade du sceptique), алегорија која ја покажува екстраваганцијата на католицизмот.
Славното Дидроово дело Писмо за слепите (на француски: Lettre sur les aveugles) (1749), го покажува на светот како оригинален мислител. Темата е дискусија за меѓусебната врска меѓу човековиот разум и знаењето стекнато со перцепцијата или (петте сетила). Насловот, Писмо на слепиот наменето за оние што гледаат исто така иронично евоцира сомнеж за тоа кој е “слепиот“ во дискусијата. Во есејот, еден слеп англиски математичар кој се вика Саундерсон расправа дека штом знаењето потекнува од сетилата, тогаш математиката е единствената форма на знаење со кое можат да се сложат и двајцата, и тој и оној другиот што не е слеп. Она што го прави есејот Писмо за слепите толку впечатлив, сепак, е тоа дека во него е претставена теоријата на варијација и природна селекција.[3]
Овој моќен есеј ... содржи сцена на слепиот филозоф на умирање, Саундерсон, кој ги отфрла аргументите за Бог во тек на своите последни часови. Аргументите на Саундерсон се дека постои природна евалуација на видовите без Создавањето и некоја друга натпрородна сила. Делото се појавило анонимно.. и жестоко било задушено од страна на властите. Дидро кој бил под полициски надзор уште од 1747, бил идентификуван како негов автор.. и бил затворен неколку месеци во занданите на Венсен, каде речиси секојдневно бил посетуван од страна на Русо, во тоа време еден од неговите најблиски сојузници.[4]
Андре Ле Бретон, издавач и трговец со книги, му се обратил на Дидро за превод на делото Циклопедија, или Универзален речник на уметностите и науките од Ефрем Чемберс на француски. Дидро го прифатил предлогот. Во текот на преводот неговиот креативен ум го трансформирал делото. Наместо обична репродукциј на Циклопедијата, тој го убедил Ле Бретон да започнат еден нов труд, кој ќе ги собере сите активни писатели, идеи и знаење. Неговиот ентузијазам за проектот се префрлил на издавачите тие собрале доволно пари за една поголема работа од онаа што првично била планирана. Го убедиле Жан Ле Рон Даламбер да стане соработник на Дидро, а се добило и дозвола од страна на владата.
Првиот том бил објавен во 1751. Делото било доста невообичаено и многу понапредно во однос на идеите за тоа време. Освен што ќе ја опфаќа секоја гранка на знаењето тоа ќе даде и “сила за промена на обичното човечко мислење“. Оваа идеја била двигателна со тоа што и делото било едно од првите кои го одбележале Просветителството. Дидро сакал на секој човек да му овозможи да го збогатува своето знаење, односно, секому да му биде достапно било кое знаење на светот.
Трудот на Дидро уште на почетокот бил под контроверза. Државата немала баш некој посебен интерес со тоа што ќе се промовира знаењето меѓу народот и за народот. Проектот бил суспендиран од страна на судовите во 1752. Кога се појавил вториот том започнале да се појавуваат и осудите, во однос на некои делови од содржината, во однос на написите за религијата и за природниот закон. Дидро бил заробен а неговата куќа била пребарувана за да се најдат текстовите со спорната содржина. Но претрагата не вродила со ништо бидејќи таквите сомнителни ракописи не биле пронајдени.
Цели 20 години додека е пишувана Енциклопедијата Дидро бил жртва на критики, напуштања од страна на пријателите и прогони. Се верувало дека Енциклопедијата е дело на организирана банда на конспиратори против општеството и дека во себе носи мошне опасни идеи. Во 1759 Енциклопедијата и формално била укината, но тоа не значело и престанување на нејзиното објавување. Работата подразбирала илегала.Жан Ле Рон Даламбер си заминал од проектот заедно со некои други видни луѓе кои одбивале да работат на книга која стекнала лоша репутација. Дидро останал да ја доврши работата најдобро што умеел. Вредно сам испишал неколку стотини написи, долги и разбирливи. Си го оштетил видот корегирајќи ги правописните грешки на ракописите на некои не толку вешти соработници. Деновите ги минувал по работилниците, проучувајќи а ноќе го пишувал она што го учел во текот на денот. Бил под постојани закани од страна на полицијата. Последните примероци биле објавени во 1765. Во последен момент, на ужасно разочарување на Дидро, издавачот Ле Бретон, плашејќи се од тоа дека ќе ја налути власта, на своја рака ги избришал сите оние делови кои биле сметани за опасни. Монументалното дело на кое Дидро дваесет години работел под огромен притисок било осакатено. Испуштените делови ќе бидат објавени дури после 12 години, во 1772.
Иако првично Енциклопедијата било планирано да содржи 10 тома, на крајот испаднале 17 тома текст. Се` на се` 24 години напорна и исцрпувачка работа. Енциклопедијата во Англија стигнала во 1799.
Други дела
Иако Енциклопедијата била монументално дело на Дидро, тој бил автор и на многу други дела. Тој пишувал и театарски пиеси како на пример Разговори за Природниот син (на француски:Les Entretiens sur Le Fils naturel 1757), каде ги најавил новите принципи на новата драматика—сериозната, домашната, буржоаската драматика на реалниот живот, за разлика од класичната француска сцена. Неговата ликовна критика исто така била мошне влијателна. Есејот за сликарството (на француски: Essais sur la peinture бил опишан од страна на Гете, како "прекрасно дело, кое му се обраќа како на поетот така и на сликарот“.
Најверен пријател на Дидро бил филологотФридрих Мелкиор Грим. И двајцата во тоа време другарувале со Жан-Жак Русо и со други важни личности од неговиот период. Неговите две значајни дела Фаталистот Жак и неговиот господар, напишано во 1773 но објавено во 1772 на германски и во 1792 на француски, како и Внукот на Рамо се саркастични и полни со иронија за појавите во општеството во однос на неколку значајни теми кои се разработени на мајсторски начин преку дијалози за уметноста и моралните вредности. Внукот на Рамо во своја оригинална верзија било дело напишано во 1761 и истото постојано било надополнувано се` до неговата смрт, дваесет и три години подоцна. Преводот на Гете на делото во 1805 било прво претставување на Внукот на Рамо пред европската публика. Откако го превел, тој на Фридрих Шилер му ја вратил оригиналната верзија од којшто претходно ја позајмил. Автентична француска копија на делото не се појавила се` дури не се навршиле 40 години од смртта на Дидро, односно, дури во 1823.
Библиографија
Есеј за заслугата и за доблеста (Essai sur le mérite et la vertu)
Lettre apologétique de l'abbé Raynal à Monsieur Grimm (1781)
Aux insurgents d'Amérique (1782)
Значење и влијание
Во романот „Наспроти“, францускиот писател Жорис-Карл Уисманс се изразува неповолно за творештвото на Дидро, велејќи дека неговите многу фалени „Салони“ се преполни „со морални будалаштини и со глупаво наивни аспирации.“[5]
Наводи
↑Mark Twain, "A Majestic Literary Fossil", originally from Harper's New Monthly Magazine, vol. 80, issue 477, p. 439-444, February 1890. Online at Harper's site. Accessed 24 септември 2006.
↑Bryan Magee. The Story of Philosophy. DK Publishing, Inc., New York: 1998. page 124
↑Современик на Дидро, исто така Французин, Пјер Луј Мопертиус [1], кој во 1745 бил именуван за предводник на Пруската Академија на Науките во тек на владеењето на Фредерик Велики, развивал слични идеи. Овие прото-револуционерни теории се налик на оние на Дарвин сто години подоцна.
↑Johnathan I. Israel, Radical Enlightenment: Philosophy and the Making of Modernity 1650-1750. (Oxford University Press. 2001, 2002), p. 710
Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)
Furbank, P. N. Diderot: A Critical Biography. New York: A. A. Knopf, 1992. ISBN 0-679-41421-5.
Gregory, Mary Efrosini. Diderot and the Metamorphosis of Species (Studies in Philosophy). New York: Routledge, 2006. ISBN 0-415-95551-3.
Havens, George R. The Age of Ideas. New York: Holt, 1955. ISBN 0-89197-651-5.
Simon, Julia. Mass Enlightenment. Albany: State University of New York Press, 1995. ISBN 0-7914-2638-6.
Hoyt, Nellie and Cassirer, Thomas.Encyclopedia, Selections:Diderot, D'Alembert, and a Society of Men of Letters. New York: Bobbs-Merrill Company, Inc, 1965. LCCN 65-26535. ISBN 0-672-60479-5.
(француски)On line version of the Encyclopédie. The articles are classified in alphabetical order (26 files). Use Mozilla Firefox rather than Internet Explorer, which doesn't open big files.