Денерис Таргариен (исто така и Денерис Стормборн, Дени, и Калиси) е измислена личност од серијата романи на Џорџ Р. Р. Мартин со наслов Песна за мраз и оган, како и телевизиската серија, Игра на тронови. Во романите, таа е еден од главните карактери.[1]
Денерис (заедно со својот постар брат, Висерис) е една од последните членови на Куќа Таргариен, кои петнаесет години пред настаните во првата книга, владееле со Железниот Престол речиси триста години. Денерис е една од главните ликови кои не се вклучени во романот од 2005 година Гозба за Гаврани, но се појавуваат повторно во наредниот роман Танц со Змаеви (2011).[2][3]
Во приказната, Денерис е млада жена во тинејџерски години, која живее во Есос, од другата страна на тесното море. Не знае живот поинаков од овој во туѓина, и зависи од волјата на својот постар брат, Висерис, кој ја дава за сопруга на водачот на племето Дотраки, Кал Дрого. За возврат, Висерис добива војска со која сака да го заземе Железниот Престол. Сепак, нејзиниот брат ја губи контролата врз неа, која наеднаш се претвора во независна, силна и самоуверена жена. По смртта на нејзиниот брат, таа станува единствениот потомок на династијата Таргариен, и прави планови да го заземе Желесниот Престол. Бремената Денерис ги губи и сопругот и бебето, а потоа успева да излегне три змаеви од јајце, на кои им станува мајка. Змаевите за неа стануваат предност, иако со текот на времето, таа ја губи целосната контрола врз нив, и тие растат во опасни животни. Таа исто така поседува војска со која ги зазема градовите Јункаи, Астапор и Мерен, во кои го укинува ропството.
Емилија Кларк доби Еми награда за споредна улога во серија за својата улога како Денерис во серијата на HBO во 2013 година[4] и во 2015 година.[5]