Котлината целосно не се наоѓа на територијата на Македонија, а сообраќајно е доста изолирана. Сообраќајно со другите делови комуницира преку тесните и длабоки клисури на Радика и Црн Дрим. Зафаќа површина од 973 км2, од која над 80% се наоѓа на надморска височина од 750 до 2.200 метри.
Дебарската Котлина е настаната со тектонските радијални движења во олигоценот и миоценот со алпското набирање. Таа е спуштена по должината на два раседи со различен правец на протегање: Косоврашки си–јз и Банишкиот сз–ји. По должината на овие два раседи се јавуваат термални извори на кои се изградени двете познати бањи (Косоврашка и Банишка бања). Во плиоценот котлината била исполнета со вода и претворена во езеро. Дното на котлината претставува брановидна рамнина со височина од 620–650 метри исполнета со квартерни и плиоцени седименти.[2] Развиена е градската населба Дебар.
↑А. Стојмилов, Физичка географија на Р Македонија, ПМФ, Скопје, 2003
↑Филиповски, Ѓорѓи; Р. Ризовски (1996). Одлики на климатско-вегетациско-поčвените зони (региони) во Република Македонија. П. Ристевски. Скопје: МАНУ. стр. 14, 59, 60.
Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!