Дамир Скомина (словенечки: Damir Skomina); (Копер, 5 август 1976) [1] — словенечки фудбалски судија од елитната категорија на УЕФА.
Животопис
Скомина бил четврт судија на повеќе натпревари од Европското првенство во фудбал 2008. Тој го судел четвртфиналниот фудбалски натпревар на Летните олимписки игри 2008.
Скомина го судел натпреварот Арсенал и Милан во рамките на осминафиналето на Лигата на шампиони 2011/12. Тој исто така го судел четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Челси и Бенфика на стадионот Стамфорд бриџ на 4 април 2012 година.[2]
На Европското првенство во фудбал во 2012 во Украина и Полска, Скомина судел три натпревари: два во групната фаза и четвртфиналниот натпревар меѓу Германија и Грција.[3] Подоцна истата година, тој бил назначен за судија на Супер куп натпреварот меѓу Челси и Атлетико Мадрид.[3]
Тој бил четврт судија на Финалето на УЕФА Лигата на шампиони во 2013 година
Дамир Скомина бил судија на вториот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите 2015/2016 меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити на стадионот Сантјаго Бернабеу на 4 мај 2016 година.
Тој бил судија на осминафиналниот натпревар меѓу Англија и Исланд, како и четвртфиналниот натпревар меѓу Велс и Белгија на Европското првенство во фудбал 2016.
Скомина бил назначен за судија на финалето на Лига Европа 2017 меѓу Ајакс и Манчестер јунајтед на 24 мај.[4]
На 29 март 2018 година, ФИФА објавила дека тој ќе води некои натпревари на Светското првенство во фудбал 2018 со Јуре Прапротник и Роберт Вукан како негови помошници.[5]
Наводи