Густав Малер (Калиште, 7 мај1860 - Виена18 мај1911) — австрискикомпозитор. Напишал 9 симфонии, меѓу кои се истакнува осмата под името „Симфонија илјади“, а тоа име го добива по тоа што Малер предвидел илјада изведувачи, вокални и инструментални. Исто така компонирал и поголем број соло песни.
Спаѓа во композиторите на романтизмот од втората половина на 19 век.
Животопис
Роден е во еврејско семејство во местото Калиште во тогашната Австроунгарија (денес се наоѓа во Чешка), како второ од вкупно 12 деца кои ги имале неговите родители, од таткото Бернард (1827-1889) и мајка Мари Херман Малер (1837-1889).
Многу негови браќа и сестри, рано умреле. Најстариот брат Конрад Малер, роден во 1858, починал веќе следната година 1859. Набрзо по раѓањето на Малер, неговото семејство се преселило во гарнизонскиот град Иглау (денес тој град се наоѓа во Чешка под името Јихлава). Од најмала возраст го интересирало музиката, а веќе по доселувањето во Иглау, дојдол во допир со воената музика.
Образованието го започнал во Иглау, продолжил во Прага, така што истовремено завршил и гимназија и конзерваториум (кај Антон Брукнер) во Виена, до 1878 година. После завршувањето гимназија студирал филозофија и историја, а кај Брукнер хармонија и контрапункт.
После завршувањето на студиите, почнал да диригира во летниот театар во Халеу, каде диригирал од 1880 до 1881 година. Потоа диригирал оперски изведби во Љубљана од 1881 до 1883 година.
Во 1888 година, станал директор на кралската опера во Будимпешта и на ова место останал до 1891 година (три сезони).