Оваа птица е најголем вид меѓу утките, а воедно и најголема утка во Европа и западниот Палеарктик. Должината на телото се движи од 59 до 73 см, распонот на крилјата 160-190 см и масата 2-4 кг. Toj e нешто помал од златниот орел, но е поголем од снежниот був. Поседува големи пердувести „уши“ на врвот на главата кои немаат никаква врска со ушните отвори кои се наоѓаат пониско на главата. Мажјакот и женката не може да се разликуваат по надворешноста, бидејќи се потполно исти по боја и големина. Меѓутоа, мажјакот и женката се разликуваат токму по пердувестите „уши“ кои кај женката се спуштени надолу. Имаат руво во топла кафеава боја, градите се ишарани со широки линии, „лицето“ е темно и на него особено се оздвојуваат портокаловите очи.
Начин на живеење
Бувот лови ноќно време, од квечерината до зората. Летот е бесшумен, со меки замавнувања кога прелетува долги растојанија. Бувовите имаат разни техники на лов. Може да го фатат пленот на земја, но и во полн лет. Исто така може да ловат во шума, но повеќе претпочитаат отворени простори. Можат да живеат повеќе од 60 години во заробеништво, а во дивината најмногу околу 20 години. Немаат вистински природни непријатели, па далеководите, сообраќајот, како и ловот се главните причини за смрт. Територијалното огласување на мажјакот е длабоко и звучно „хуу“ кое се повторува во интервали од околу 8 секунди. Женките често се огласуваат со лаеж кој личи на огласувањето на лисицата. Хукањето на мажјаците во текот на мирните летни ноќи надалеку се слуша, дури и на 2-3 километри. Најчесто се огласува во квечерина или во зорите.
Исхрана
Во различните области како негов плен се најразлични животни - стаорци, глувци, зајаци. Јаде и мрша од овие видови, како и млади и возрасни лисици, златки и други грабливци до големи инсекти (најчесто бумбари), па дури и риби. Особено сака ежови и змии, и не се плаши од отровноста на поскокот. Напаѓа и црни и степски творови и лилјаци.
Распространување
Големиот ушест був се среќава само во изолирани места, но генерално на големи пространства од Европа и Азија, без крајниот север, во стари широколисни и иглолисни шуми, степи, полупустини, влажни низини и суви, карпести терени.
Размножување
Брачниот период започнува во февруари. Гнезди во карпести пукнатини и возвишенија на земјата и ретко во пукнатини од дрвјата. На крајот на март снесува од две до четири јајца во интервал од два до четири денови. Затоа испилените млади (по 35-дневно квачење на јајцата) се со различна возраст. Храната ретко е доволна за сите, особено ако се пет или шест. Во тој случај, најголемите бувчиња ги убиваат и јадат помалите. Младите птици започнуваат да летаат во јули. Младите бувови стануваат полово зрели во втората година од нивниот живот.
Бувовите како тема во уметноста
„Утката и орелот“ (српски: Сова и орао) - српска народна песна.[1]
↑Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 70.
↑Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 96.