Голем Цалим — село во Светиврачко , Пиринска Македонија , денес во општината Свети Врач на Благоевградската област , југозападна Бугарија .
Географија и местоположба
Селото Голем Цалим се наоѓа на 14 километри североисточно од Свети Врач . Селото се наоѓа на надморска висина од 659 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 7848 км2 .
Историја
Османлиско Царство
Црквата „Свети Илија“ била изградена во 1865 година.[ 1]
В 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Голем Цалим, село на С од Дебрене, 1 ⁄ 2 час пат. Планински реон; главен занает - одгледување добиток. Црква, во која се чите на грчки. Бројот на куќите е 45, само Бугари.[ 2] [ 3]
Во текот на 19 век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника “ се вели дека во 1873 г. Тимар Цалип (Timar tsalipe) е село со 30 семејства и 110 Македонци [ 2] [ 4] . Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика “) во 1900 година селото имало 210 жители, сите Македонци [ 2] [ 5] .
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, седум лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети [ 6] .
Бугарија
По крајот на Балканските војни , селото било вклучено во составот на Бугарија .
Население на Голем Цалим по попис[ 7]
Година
1934
1946
1956
1965
1975
1985
1992
2001
2011
2015
Жители
163
203
170
83
36
32
33
26
14
Население по возраст од 2011 година [ 8] :
Наводи
↑ Енциклопедия Пирински край . Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 213. ISBN 954-90006-1-3 .
↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари , и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
↑ Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 28.
↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 142-143.
↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189.
↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 837
↑ 7,0 7,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul . Архивирано од за населението на с. Голем Цалим, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04 .
↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18 .
во загради се дадени денешните имиња на местата сменети од бугарската држава